“Oblo living – паметни куќи“, компанија која е специјализирана во примената на “IoT“ технологија во поставување решенија за паметните куќи, заедно со Електро тиерс“ одржаа презентација на своите смарт системи и начинот на користење на истите во секојдневното живеење. Оваа реномирана компанија ги нуди најиновативните и најнапредните решенија и производи за Вашата паметна куќа.
“Oblo“ припаѓаат на групата RK-RT, една од најголемите истражувачки куќи во Југоисточна Европа. “Oblo living“ комбинираат комплетни софтверски решенија за куќна автоматизација со интерно развиени уреди, за да се обезбеди безбедност, сигурност, енергетска ефикасност и други аспекти на брзорастечкиот пазар.
Системот за домашна автоматизација овозможува координирано управување со сите уреди, лесно и едноставно , правејќи го живеењето значително поквалитетно, покомфорно и во крајна линија поекономично.
За да бидат овие смарт системи достапни на македонскиот пазар, заслужни се нивните партнери, а наши докажани лидери на пазарот за електро материјали, “Електро тиерс“ Битола. Со своето 25 годишно искуство, оваа реномирана компанија и водечки бренд во својата бранша, ја препозна потребата од воведување на нов начин на фнкционирање на домот и овозможи напредок во поглед на информација и едукација за смарт системите, а со тоа и нивно понатамошно имплементирање во домувањето.
Избирајќи одговорно свои соработници, “Електро тиерс“ во својата програма нуди и производи од реномираните“ Aling-Conel“ – Србија, покривајќи на тој начин се што е потребно за квалитетна изведба и безбедност на електричните инсталации во секој објект.мСледејќи ги најновите трендови во градежништвото , спојот на квалитетот и актуелниот пулс на новитетите, стамбена зграда “Шералти“ ги сублимира придобивките од најдобрите иновации и ја отвора можноста да бидат дел од неа.
Инвеститорот на “Шералти“, Наташа Грамосли, е движечката сила и катализатор на процесот на воведување на новитетите во градежништвото во текот на целиот градежен процес на стамбениот објект. Во разговорот со неа, изјавува:
-Затоа што од самиот почеток и зародишот на идеата за изградбата на “Шералти“ тежнееме кон квалитет, комфор, практичност и безбедност, нашиот тим посветено и одговорно носи одлуки и склучува договори. Избраните соработници мора да нудат најдобри услуги, а нашите клиенти да се задоволни, и не случајно сме денес и тука заедно со “Oblo living“ i “Електро тиерс“. Посебно сум среќна и горда што оваа зграда ќе биде прва смарт зграда во Битола и со возбуда ги очекуваме искуствата од станарите кои избраа смарт системи за своите домови.

“Електро тиерс“ и “Oblo living – паметни куќи“ одржаа презентација на смарт системите, стамбената зграда “Шералти“ веќе ги применува (фото)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- “Lozar Wedding & Event Center“ нова романтична дестинација во Битола за најубави животни приказни (фотогалерија)
- Хотел “Капри“: Секогаш тука за вашите најубави моменти
- Есенски планер: работа, обврски и сигурен дом
- Напредна лапараскопска хирургија во болница “Плодност“ – Битола
- Ново ниво на награди во “Евротип“ – најголем избор досега!





