Утрово во 9 часот на плоштадот “Магнолија“ во Битола започна голема хуманитарна распродажба на производи на реномираната компанија “Comfy Angel”.Распродажбата ќе биде од хуманитарен карактер, а дел од средствата кои ќе се соберат ќе бидат наменети за поддршка на сојузот за спорт и рекреација на инвалиди – Битола.–Поворно по пауза поради пандемијата започнавме со организирање на нашиот хуманитарен караван кој има повеќе цели. Првата цел е нашите производи да ги доближиме што е можно поблиску до граѓаните на Македонија по мошне поволни цени, а втората, поважна цел е парите да ги намениме во хуманитарен карактер. Овој пат дел од средствата кои што ќе бидат собрани од оваа распродажба ќе бидат наменети за Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди на град Битола, вели Ивана Сурлаџиoска, од секторот за продажба на компанија “Comfy Angel”.-Во Битола на оваа хуманитарна распродажба имаме производи од нашиот голем асортиман на производи. На битолчани ќе им понудиме јоргани, перници, постелнини, заштитници… по навистина промотивни цени, а сите кои денес ќе дојдат на плоштадот “Магнолија“ ќе се уверат во квалитетот и цените. Ова, како претходно рековме, е со цел што повеќе средства да собереме и што повеќе да помогнеме на оние кои што им е потребно, а во овој случај на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди од Битола, додава Марија Стеваноска – Темелкоска, од секторот продажба на компанија “Comfy Angel”.
Хуманитарниот караван на “Comfy Angel” со распродажба на “Магнолија“ (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Хотел “Епинал“, Вашето омилено кафе место во градот
- За 30 години “Мотоцентар“ – подарок 10% cashback за секоја сметка
- Ново во Жан Митрев Дијагностик Битола, специјалистички ОРЛ прегледи
- Александар Тодосиев, управител на Smart Invest Group: Smart Invest Group претставува алтернативен и паметен начин на инвестирање и е запрв пат кај нас
- “Боди М“: време е за обновување