Денес беа одбележани 21 година од загинувањето на тројцата бранители, воени резервисти, кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година, во заседа кај село Гајре. На денешен ден загинаа битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски од Битола, како и Пеце Матичевски од Новаци, тројцата воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во заседа загинаа во близина на селото Гајре.По тој повод пред споменикот “Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната посветен на загинатите бранители, во нивна чест цвеќе положија градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претседателката на Советот на опптина Битола – Габриела Илиевска, како и претставници на Советот на општина Битола.
Покрај нов цвеќе положија претставници на Министерството за одбрана од одделението за одбрана Битола, припадници на АРМ, СВР Битола, семејствата на загинатите, воени резервисти, политичките партии и други лица.

Одбележани 21 година од загинувањето на бранителите кај село Гајре
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)