Фудбалската федерација на Македонија деновиве ги соопшти фудбалските екипи кои во декември изнинатата година ги доставиле апликациите за лиценцирање за натпреварување за наредната сезона.
Управата на Пелистер, составена од мнозинските акционери “Орка холдинг“, ЗК “Пелагонија“, “Пелистерка“ и “Жито Битола“, која нема до Општина Битола доставено официјално барање за враќање на акциите, се уште е валидна, се пријавила во ФФМ и за добивање на УЕФА лиценца, која овозможува настап на натпревари кои ги организира УЕФА за сезоната 2018/19 година.
Покрај оваа апликација ФК Пелистер, секако има аплицирано и на поканата за доставување на пријави за лиценцирање за натпреварувачка сезона 2018/19.
Дали екипата на Пелистер, со оглед на состојбата во која се наоѓа клубот, ќе ја искористи лиценцата за УЕФА настапи, останува да видиме. Пелистер има шанси да биде победник во Купот, каде игра полуфинале и да излезе на европска сцена.
Инаку, согласно доставените пријави за добивање на УЕФА лиценца која овозможува настап во натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2018/19 имаат и екипите на ФК Академија Пандев – Струмица, ФК Вардар – Скопје, ФК Работнички – Скопје, ФК Ренова – с. Џепчиште, ФК Силекс – Кратово, Шкендија – Тетово и екипата ФК Шкупи 1927 – Скопје.
Овие клубови во периодот до 5. Мај 2018 година, а согласно ФФМ – Правилникот за лиценцирање на клубови за УЕФА натпреварувања, ќе го поминат процесот на лиценцирање за утврдување на исполнетоста на критериумите врз основа на кој Комисијата за лиценцирање на ФФМ ќе донесе одлуки кои од клубовите ќе добијат УЕФА Лиценца.