Битола стана единствен град во светот со Патека на славните посветена на кинематограферите, Оваа своевидна „Патека на славните“ започнува пред Киното Манаки и се протега кон Офицерскиот дом.
Вчера, во присуство на нивниот внук Милтон, беше откриена првата ѕвезда во чест на пионерите на филмската уметност, Јанаки и Милтон Манаки.
Следната ѕвезда која беше отворена припаѓа на реномираниот Данте Спиноти, додека во наредните денови ќе бидат откриени уште 18 ѕвезди.
Божиновски часовници и накит , кои стојат зад идејното решение, ги изработија ѕвездите од месинг со внимателно изгравирани имиња на лауреатите и вградени во мермерни плочи. Гранитните плочи, идентични со оние што го поплочуваат Широк Сокак, ги изработи компанијата Крин од Прилеп, а ги постави компанијата Македонски глас.
Неколкумина од досегашните лауреати ќе присуствуваат на чинот каде што секој ќе ја открие својата ѕвезда, прославувајќи ја врската помеѓу Битола и светот на кинематографијата.

Патека на славните – Битола блеска со ѕвезди на кинематограферите
More from ВестиMore posts in Вести »
- Министерот за здравство Клековски во Битола на трибина за здравјето на младите
- “Ние го моделираме нашето идеално училиште“ – “Идеал Контакт“ со уште една интересна тема за панел-дискусија (фотогалерија)
- СВР Битола: приведување за закани кон полиција и за марихуана
- Деновиве пред 10 години: Ракометарите на Пелистер продолжија во Челинџ купот (фото)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 13 степени





