Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, за денес ја закажа третата седница на Советот на која треба да се утврди престанок на мандатот на советничката Соња Карапец, од позициската СДСМ, откако претхпдно таа поднела оставка.
На двевен ред и расправа кај советниците ќе се најде кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општината Битола за вториот и третиот квартал за 2017 година.
А, како најави Груевски на претходната седница на дневен ред ќе се најде и ребалансот на буџетот, како и за развојните планови на Општина Битола за периодот од 2017 до 2019 година, измени и дополнувања на Програмата за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на Општината Битола за сезоната 2016/2017 година, како и програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2018 до 2020 година, програмата за за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на Општината Битола за сезоната 2017/2018 година.
На оваа седница се очекува и носење на одлуки и решенија за уличното осветлување, детските градинки, основното образование, како и одобрување за користење на името Битола.