Лице на возраст од 33 години, со привремен престој во Битола, му ветило на 46 битолчанец дека ќе му помогне да добие автсралиска работна виза, за сума од 7.700 евра. Но, се покажало дека е лага, а битолчанецот случајот го пријавил во полиција.
Врз основа на пријавата СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.С. (33) од Сиднеј- Австралија со привремен престој во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“.
Пријавенииот, на почетокот на октомври годинава, му ветил на Ц.Д. (46) од Битола, дека за паричен надомест од 7.700 евра, ќе му извади работна виза за Австралија, за него и неговата фамилија.
По кратко време пријавениот му признал на оштетениот дека документите коишто ги спремил се фалсификат и дека во Австралија му требале пари, па се договориле да му ги врати парите.
Првично, пријавениот, му вратил само 1.000 евра, додека останатите требало да ги врати до 23.10.2017 година, меѓутоа до моментот на поднесувањето на пријавата парите не му биле вратени.