Градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, оствари средба со академска делегација од Универзитетот “Bar Ilan“ од Израел.
Нивниот престој на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ е дел од Програмата “ЕРАЗМУС +“.
На средбата со градоначалничката Петровска, присуствуваа проф. д-р Илиа Родов од катедрата за хебрејска уметност, проф. Јаел Алеф – катедра за конзервација и проф. д-р Шмуел Рефаел – Салти од институтот за ладино, како и претставници од канцеларијата за меѓународна соработка при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола.
Извор: www.bitola.gov.mk