Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник победи во Скопје, Пелистер утре со Охрид

Вардар Јуниор – Еурофарм Работник 17:24 (12:12)

Денес се одиграа дел од вонредното ракометно коло од Супер лигата. Екипата на Еурофарм Работник гостуваше во Скопје, а Пелистер утре во “Младост“ ја пречекува екипата на Охрид 2013.

Ракометарите на Еурофарм Работник во рамките на вонредното коло на Суперлигата, во СРЦ „Кале“ во Скопје го совладаа тимот на Вардар Јуниор со 24:17, полувреме 12:12.

Во првото полувреме резултатот и играта беа изедначени, а во екипата на Еурофарм Работник постигнуваа голови Пецаковски и Дригришки, а одлично бранеше голманот Ивановски кој имаше 8 одбрани.

По 12:12 од првиот дел, второто битолчани, направија серија 7:2 и направија предност изразена со шет гола 20:14, што се чини дека го реши овој натпревар. До крајот екипата на Еурофарм Работник постигнаа уште четири гола, а домаќините три.

Најефикасни во победничкиот табор беа Дрогришки со шест и Пецаковски и Ојлески со по четири гола, а Ивановски имаше 13 одбрани.

Победата е најава за европското деби и првиот натпревар од третото коло на Челинџ Купот против екипата на Гранитас Карис во сабота.

“Пелистерци“ ќе имаат ден повеќе од одмор по градското дерби, а утре во 18,30 ја пречекуваат екипата на Охрид. Оваа средба ќе биде борба за лидерско место на табелата. Која екипа ќе победи ќе биде првопласирана по првиот круг од натпреварите од Супер лигата.

Пелистер е првопласиран со 18 бода, а Охрид е второпласиран со 16 бода.