Press "Enter" to skip to content

Повторно “седумка“ под Тумбекафе, но кобна за Пелистер

Пелистер –Академија Пандев 3:4 (1:2)

Малкумината битолчани кои беа на трибините под Тумбекафе по дождливото време, како и на претходната средба видоа седум гола, но за жал овој пат Пелистер е поразен минимално со 4:3 од екипата на Академија Пандев, пораз кој е четвр на свој терен оваа есен.

Пелистер поведе во 6. минута кога Христијан Тошевски проби по десната страна и центрираше, а Трифуновски со глава ја смести топката во голот.

“Пандевци“по 18 минути израмнија кога Вареловски од позиција на лево крило пласираше и го совлада Петровски.

Но, кога сите очекуваа Пелистер да се врати во игра и повторно, поведоа гостите, во 33. минута по корнерот на Грифони, највисоко скокна Балдовалиев и со глава ја погоди за водство.

Почетокот на второто полувреме беше кобен за Пелистер, кога Петровски на два пати ја вадеше топката од мрежата и “пандевци“ имаа 4:1. Најпрво погоди првиот стрелец на Зоран Балдовалив кој со фантастичен лоб од над 40 метри го совлада Петровски. Потоа следуваше голот на Стоилов која најави голема победа во Битола.

Попзлатанов со глава веднаш намали на 2:4, па следуваа шансите на  Трифуновски со глава и Пеев од далечина. Конечните 3-4 ги постави капитенот Ковачев од пенал, кој го  изнуди нововлезениот Петар Љамчевски.

Пелистер по 15 кола има 15 бода и влегува во опасна зона, со екипи кои ќе се борат за опстанок.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »