Во преполната сала на Центарот за култута во Битол, денес се одржа одржа еднодневен семинар во врска со детските лиги, во организација на центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија, на кој присуствуваa родители, тренери и други лица од Битола кои работаат со млади категории фудбалери.
-Фудбалската федерација на Македонија во насока на подобрување на квалитетот на одржување и одигрување на натпреварите во Детските лиги, организира семинар и советување за родители чии деца се членови на клубови или тимови кои се натпреваруваат во Детските лиги на ФФМ. Целта на овој семинар и советување е да се подигне свеста на родителите за значењето на ова натпреварување и да се подобри пристапот кон децата кои се носители на сите активности во детските лиги, велат од Центар за Едукација и Грасрут оддел на ФФМ.
На семинарот покрај родителите беа присутни и претставици од сите фудбалски клубови кои работат со млади категории, како и од сите фудбалски школи од Битола, се со цел, како самите велат, да ја подобрат работата со млади категории фудбалери.
И родителите како и тренерите и сите кои работат со млади категории имаа можност да слушнат презентации од областа на спортска и детска психологија, однос родител-спортист-тренер, важноста и значењето на учеството во детските лиги, психомоторен развој и исхрана на детето, како и препораки за однесување на родителите за време на тренинг и натпревари во детските лиги.
-Семинарот е бесплатен, и ми е мило што според присутноста, а и според она што може да се слушни од предачите во првата претпладневна сесија. Се надевам дека сите ние како тренери или учителите на младите категории, а секако и родителите ќе научиме некои работи, кои ќе ги примениме во работата со младите, а тоа ќе ни донесе подобри резултати, вели Лазе Гаштаров, координатор на семинарот.
Родители кои беа на двеве сесии ќе се стекнат со ,,Д“ лиценца на ФФМ.
Текст и фото: С.Ристевски