Press "Enter" to skip to content

Инфо сесија за проекти за намалување на загадувањето на воздухот

Утре, во салата за состаноци во Општина Битола, ќе се одржи инфо сесија која ја организираат Фондот за иновации и технолошки развој, Општина Битола и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

На инфо сесијата ќе се расправа за Јавниот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Република Македонија – О2 ПРЕДИЗВИК (https://www.fitr.mk/o2predizvik).

Во 12 часот е закажана регистрација на заинтересираните, по што ќе следи обраќање на градоналничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Потоа ќе следи презентација на правилата и процедурите за аплицирање на О2 предизвикот, со што ќе биде исцрпен првиот дел од инфо сесијата.

Во вториот дел ќе има презентација на обрасците: Проектна апликација и буџет на пректот, по што ќе следуваат прашања кои ќе ги постават апликантите и нивни одговори.

Инфо сесијата ќе се одржи на 23.11.2017 година (четврток), со почеток во 12 часот, во салата за состаноци во општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »