Press "Enter" to skip to content

Фудбалерките на Топ гол во четврт финалето по пенали

Тетово 2017 – Топ гол 4:3 на пенали (регуларни 3:3)

Во крајно неизвесен и драматичен натпревар сениорската женска екипа на Топ гол се пласира во четврт финалето на фудбалскиот Куп на Македонија за жени.

На натпреварот кој се одигра на Спортскиот центар во Тетово, битолчанки по изведувањето на пенали  со конечен резултат 4:3 ја победи екипата на ЖФК Тетово 2017.

Во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 3:3, а головите за топ гол ги постигнаа Гелевска 23, Јанковска 85 и Гоцевска 90 минута. Стрелци на головите во пенал серијата за Топ гол беа: Петровска, Јанковска, Нешевска и Гоцевска.

-Ова е натпревар за паметење, во кој на крајот се радувавме ние. Бркавме негатива цел натпревар и во последните минути од натпреварот успеавме да изедначиме. За време на натпреварот пропуштивме три зицери за гол , головите ги примивме по наши наивни грешки. Покажавме карактер, а упорноста и концентрација во финишот на мечот ни вродија со плод. Пеналите ги изведовме многу смирено и сконцетрирано, а нашиот голман Колевска успеа да одбрани два пенали. Ова во голема мера ја подигна самодовербата и мотивацијата во целиот на наш тим, изјави Кире Грбевски.

Следното редовно коло екипата на Топ гол гостува во Македноска Каменица во рамките на 9 коло од ПМФ-жени.