Откако се донесе одлуката за ребаланс на буџетот на Општина Битола, како што беше ветено, вчера беа префрлени пари на сметките на спортистите од фудбалскиот, ракометниот и кошаркарскиот клуб, кои го носат името Пелистер.
Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, ја информира јавноста, дека во насока на поддршка на спортот во општината, во изминатите денови, Општина Битола исплати 3.670.000 денари или над 60.000 евра и тоа:
-800.000 денари на Кошаркарски клуб Пелистер
-1.270.000 денари на Ракометен клуб Пелистер
-1.600.000 денари на Фудбалски клуб Пелистер.
Иако обврските беа преземени, а истите не беа исплатени од претходното општинско раководство, градоначалничката м-р Наташа Петровска, со цел да не се доведе во прашање функционирањето на спортските клубови, одлучи да ги исплати споменатите средства.
Со денешната уплата на средства на Фудбалскиот клуб Пелистер, Општина Битола во целост ги исплати обврските кон фудбалскиот клуб, кои произлегуваат од меѓусебниот договор.
Градоначалничката м-р Наташа Петровска и во иднина, во рамките на финансиските можности на општината, ќе го поддржува спортот во Општина Битола.