Press "Enter" to skip to content

Дводневно усовршување за библиотечниот кадар од Битола и околните места

Утре, петок, 1 декември и сабота, 2 декември во националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“  – Битола ќе се оодржи обука на тема„Комуникациски вештини“, во организација на библиотеката и  “Европски институт за менаџмент, право и дипломатија“ од  Скопје.

-Ваквата обука само по себе се наметна поради постојаните промени во технологијата на знаење, потенциjалот и компетенциите на библиотечниот кадар треба се повеќе да се усовршуваат и повеќе  да се вложува во сопственото знаење.  Изградување на професионален и посветен однос кон корисникот бара од библиотекарот знаења,  како и соодветни вештини за справување со се посложените барања на работното место, истакнуваат организаторите и додаваат:

-Од другата страна професионално усовршување во областа на библиотечното работење е предуслов за учество во стручните семинари, работилници,  конференции и претставува  основа за стекнување на библиотечните звања и напредок во кариерата. За таа цел вработените од одделите при НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, како и други библиотекари, заинтересирани лица од регионот и пошироко ќе имаат можност  да се усовршуваат во областа на работа со странки и техники на успешна презентација.

Двете обуки ќе се одржат  во просториите на НУ Универзитеска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Ф.Б. Аземовска

More from КултураMore posts in Култура »