Постои природна поврзаност на овој културен и уметнички чин. Ранко Струмениковски (1936 – 2000) бил еден од уметниците чии графички дела биле претставени во Ферара, Италија во 1969 година во просторот на поранешниот храм “Свети Роман“.
Близу седум децении подоцна, токму во музеј-галеријата посветена на Ранко Струмениковски се изложени цртежи и графички дела на 17 италијански уметници од Винченца и Венеција кои со вкупно 28 експонати се претставуваат пред битолската публика. Тоа за организаторите и следбениците на делото на Ранко Струмениковски претставува особена чест, признание и своевидна духовна награда за тоа што го прават за ликовниот живот во градот под Пелистер.
-Овој културен настан со високи уметнички валери е плод на една искрена и не принудена соработка на Валерија Бертезина од италијанска страна и Владо Ѓорески, раководител на Графичкото триенале во Битола од македонска страна кои преку проектот “Огледало – лице в лице“ ја продолжуваат богатата соработка започната од нивните претходници пред околу осум децении. Веруваме во уште побогати и почести размени и соработки на уметници од двете традиционално пријателски земји Македонија и Италија на чии тела и поднебје се развивала богата култура и уметност, од антиката, преку европската ренесанса до новите современи дигитални трендови во уметност, вели д-р Драган Ристевски, галерист.
Се очекува во наредните денови изложбата да биде посетена и од младата популација, посебно од учениците од средните училишта и студентите од УКЛО Битола.

Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер до лесни бодовите во Прилеп
- Пелистер со хет-трик на Ивановски до победа на Осогово и до три бода (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Македонската филхармонија во Битола со концерт “Музички код“
- Игор Трајковски – Фоја: секое мое доаѓање во Рим открива нов слој од градот, но и од самиот себе (фотогалерија)
- Бојана Скендеровски на 30 октомври закажа концерт во Битола









