Press "Enter" to skip to content

Пелистер утре против Шкендија во Тетово, ја затвора есенската полусезона

Фудбалерите на Пелистер утре на градскиот стадион во Тетово ќе ја спуштат завесата на есенската дел од оваа фудбалска сезона, со гостувањето на екипата на Шкендија.

Капитенот на Пелистер, Гоце Тодоровски е свесен за тоа на каква екипа им гостуваат и за ова тешко гостување вели:

-Сите го знаеме квалитетот на Шкендија и дека тие се фаворити во секој поглед. Но, на дербито со Вардар во Скопје покажавме дека иако сме во резултатска криза сепак знаеме да играме фудбал. Утре ќе одиме да покажеме како знаеме да играме фудбал и дека не се предаваме пред време.

За разлика од претходните тешки гостувања која екипата на Пелистер патуваше од пред еден ден и се наоѓаа во карантин, овој пат тие утро ќе заминат за Тетово.

На оваа средба тренерот на Пелистер, Спасе Ристевски, ќе ги нема на располагање главните напаѓачи Баже Илиовски и Лукас кој веќе си заминаа од Битола откако не се договорија за продолжување на сезоната, а претходно Пелистер го напушти и голманот Марко Јовановски.