Пелистер- Пролет 29:25 (9:12)
По првите минути од првото полувреме кога „пелистерци“ направија разлика од 3 гола (5:2) следуваше, можеби најлошото прво полувреме во есенскиот дел, и негово за вршување со -3, односно со резултат 12:9 за гостите од Скопје, екипата на Пролет. Во овој дел на играта не помогнаа советите на тренерот на Пелистер, Стевче Алушевски кој повика и ран тајм-аут по серијата на Пролет од 6:0.
Ако советите во тајм-аутот не помогнаа, тогаш советите, на повисок тон, во соблекувалната на Пелистер на паузата пред второто полувреме, на Алушевски кон ракометарите, беа на место. Тоа се виде веднаш на почетокот на продолжението кога со серија од 4 постигнати и само 1 примен гол дојдоа до водство од гол разлика 15:14. По 50 минути игра предноста беше два гола, а Пелистер во тој период играше цврста одбрана и со гол во напад. Последните минути беа во знак на Пелистер, а головите во тој период на Орјоканидзе и одбраните на Рајчиќ донесоа победа од 4 гола разлика.
Најефикасни во тимот на Пелистер Орјоканидзе со седум и Чантурија со пет гола.
Пелистер ја запиша десеттата победа по ред, а сега на две кола до крајот на есенскиот дел, на “пелистерци“ им е обезбедена есенската титула со 30 бода, пред второпласираната екипа на Еурофарм Работник која има 22 бода.