Press "Enter" to skip to content

Битолскиот универзитет ќе го прослави својот патрон Св. Климент Охридски

Битолскиот универзитет “Св. Климент Охридски“ од утре ќе ја започне прославата на својот патрон, Свети Килмент Охридски, со низа настани и манифестации.

Иако Денот на Св. Климент Охридски е на 8 декември поради тоа што е прогласен за Државен празник, а со тоа и неработен ден, прославувањето ќе биде неколку дена порано.

Традиционално, ден порано од централната свеченост, утре 5 декември, во Салата за состаноци на Ректоратот во комплексот “Касарни“ во Битола,  е свечената промоција на новите доктори на науки. Оваа година Битолскиот универзитет ќе добие нови 11 доктори на наука.

В среда на 6 декември со почеток во 12 часот во Народниот театар во Битола ќе се одржи Свечена академија, на која прогодна реч ќе има Ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски.

Потоа ќе следува доделувањето на награди на најдобрите студенти кои со највисок просек дипломирале на УКЛО во академската 2016/17, и наградите на студентите за истражувачки труд и есеј.

Во културно забавната програма на Свечената академија ќе настапат: Хорот “Мелодиум“ со диригентката Марина Коруновска, која ќе ги изведе македонската и академската химна и “Дуото Кировски“ (Љубиша Кировски – виолина и Маја Шутевска – Кировска – пијано).

Во среда, во присуство на сите  поканети гости пред Свечената Академија, ќе биде положено свеќе на споменикот на Св. Климент Охридски, во дворот на Ректоратот на УКЛО. Цвеќе ќе положат делегација на УКЛО предводена од Ректорот, делегации на Факултетите, делегација на студентите и Ректорите на останатите Универзитети во Република Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »