Двете групи учесници на дефилето, се сретнаа на Широк Сокак кај хотелот “Епинал“ и со пуштање на голем број на балони во воздух, го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, а беше соопштено и дека 70 деца штитеници од Заводот за рехабилитација “Кочо Рацин“ од Битола, ќе ја добијат “сензорната соба“.
Оваа “сензорна соба“ сите деца од Заводот и голем број деца од државата и нивните родители со нетрпение ја очекуваат и ќе биде голема помош во нивното лекување.
Целта на ова дефиле, како што истакнаа организаторите, покрај тоа што ги посочија проблемите и потребите на децата со посебни потреби, порачаа дека секаат секој ден да биде 3 декември, и децата со посебни потребни да бидат заедно со другите дечиња и да нема двоење.
Во дефилето беше и градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска која рече:
-Ќе се залагам во следниот перид и општина Битола и самите образовни институции да бидат повеќе функционално да бидат поврани помеѓу себе, за да ги поместиме работите во позитивна насака во оваа проблематика.
По дефилето и пуштањето на балоните во виздухот сите учесници присутвуваа на театарска претстава кој за нив беше изведена во Народниот театар во Битола.