Press "Enter" to skip to content

Заврши есенскиот дел во младинските фудбалски лиги, Пелистер екипно осми на табелата

Денес со одигрувањето на последното коло во сите четири категории,  од Супер младинската лига на Македонија, заврши и официјално есенскиот дел. Младинските екипи на Пелистер, денес одиграа четири натпревари против екипите на Македонија Ѓорче Петров и тоа два во Битола, два во Скопје.

На теренот на стадионот “Павел Шатев“ или популарно нарелече Ќумурно игралиште во Битола, прва играше екипата на Пелистер, составена од фудбалери родени 2002 година и убедливо ги совлада своите врсници од Македонија ЃП, со резултат 5:0.

По нив на истиот терен настапи генерацијата млади фудбалери, родени 2001 година и беше поразена со 2:1.

Во Скопје младите фудбалери на Пелистер родени во 2000 година ја победија екипата на Македонија ЃП со резултат 2:1, а нивните колеги родени 1999 година беа поразени со резултат 3:1.

По одигрување на сите кола во сите четири категории, во групната табела, екипата на Пелистер за фудбалери родени 1999, 2000, 2001 и 2002 година се пласира на осмото место.

Координаторот на младинските школи, Науме Љамчевски, за пласманот на осмото место на табелата вели:

-Никој од школата за фудбалери на Пелистер не смее да биде задоволен од ваков пласман на табелата во младинските лиги. Но, од друга страна кога ќе видиме во какви услови играа младинските екипи, какви услови за работа имамvе мора да бидеме задоволни со пласманот. Одигравме добра сезона, а некои од екипите можат само да жалат за несреќно загубени бодови, како дома, така и во гости. Очекувам за разлика од почетокот на сезоната, кога немавме подготовки, оваа зимска пауза да имаме подготовки со сите генерации. Со силни зимски подготовки можеме да се надеваме на подобрување играта и резултатите, а со тоа да го подобриме пласманот на табелата, а за се  ова да се постигне ќе ни требаат подобри услови за работа, за што се надевам дека ќе ги добиеме.