Press "Enter" to skip to content

И Еурофарм Работник со нова победа, во гости, во Супер лигата

Металург 2 – Еурофарм Работник 22:35 (8:17)

По победара на екипата на Еурофарм Работник над екипата на Металург 2 и освоени нови два бода, “фармацевтите“ останаа сами на второто место на табелата зад екипата на градскиот ривал Пелистер.
Ракометарите на Еурофарм Работник лесно дојдоа до нова победа и ја продолжија серијата победи, како во домашното првенство, така и во Челинџ купот.

“Фармацевтите“ направија предност од три гола на самиот старт на натореварот (4:1),  по што следуваше добра игра на Металург 2 кои намалија на гол разлика 5:4. Следуваа голови на Мсквилидзе, со нова серија и резултат 16:6 за Еурофарм Работник, а на одмор заминаа со 9 гола разлика 18:7.

Висока предност Еурофарм Работник имаше во средината второто полувреме 23:12, кога се разигра Дрогришки, а на крајот гол разликата беше неочекувано голема 13, гола, или 35:22 за Еурофарм Пелистер.

Најефикасни во екипата на Еурофарм Работник беа Дрогришки и Ојлески со по седум гола, Трајковски со шест, Граџан со пет и Мсквалидзе со четири гола.