Press "Enter" to skip to content

Борис Трајанов: Концертот, чест на академик Ѓорѓи Здравев (фотогалерија)

Во големата сала на Центарот за култура во Битола вечерва се одржа гала-концерт на кој настапија тројцата опрески пеачи Весна Гиновска Илкова, Борис Трајанов и Зоран Сотиров, придружувани од Елена Сиљановска на пијано. Концертот беше во организација на Камерната опера „Кирил Македонски” од Битола.

Љубителите на оперската музика еден час уживаа во оперските арии, а на крајот од име на оперските пејачи се обрати Борис Трајанов кој рече, дека, се радува дека токму во Битола се случува овој концерт и дека тие го извеле во чест на академик, Ѓорѓи Здравев.

Иако со потешкотии во движењето, на бината на крајот, се искачи и доби заслужен аплауз и Здравев кој рече дека му е криво што концертот поради разни причини се одложувал неколкупати, и дека салата не била преполна. Но, додаде тој посебно се радува дека вакви концерти прави четириесет години и не мисли да престане.

-Ми причинува чест дека концертот е реализиран по потпишувањето на Меморандумот  за соработка помеѓу камерните опери од Битола и Благоевград, и за размена на претстави, солисти и музичари, нагласи Здравев.

Инаку, претходно беше потпишан Меморандум за соработка од страна на директорот на  Камерната опера „Кирил Македонски” од Битола, академик Георги Здравев и директорот на Камерната опера од Благоевград, професор Петар Радевски.

Весна Гиновска Илкова – сопран, Борис Трајанов – баритон, Зоран Сотиров – тенор, Елена Сиљановска – пијанист, на вечерашниот концерт „Концерт на француска музика“ ја изведоа следната програма:

-Ж.Бизе Арија на Микаела од операта „Кармен“ – Весна Гиновска – Илкова
-Ж. Бизе Арија на Дон Хозе од операта „Кармен“- Зоран Сотиров
-Ж. Бизе Куплети на Ескамиљо од операта „Кармен“- Борис Трајанов
-Ж. Бизе Дует на Микаела и Дон Хозе од операта „Кармен“ Весна Гиновска – Илкова и Зоран Сотиров
– А. Тома Арија на Хамлет од операта „Хамлет“- Борис Трајанов
– Ж. Масне Арија на Вертер од операта „Вертер“ -Зоран Сотиров 
– Ш. Гуно Арија на Маргарита од операта „Фауст“- Весна Гиновска – Илкова
– Ж. Бизе Дует на Надир и Зурга од операта „Ловци на бисери“ во изведба на Зоран Сотиров и Борис Трајанов.

More from КултураMore posts in Култура »