Press "Enter" to skip to content

Вчерашните работилници за човекови права во Библиотеката низ фотографии

Вчера со сите простории на Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски“ се одржаа работилници за човекови права на која учество зедоа стотина ученици од сите битолски основни училишта. Работилници се одржаа во холот на Библиотеката, во салите за промоции, во читалните…

Орагизатор на ови работилници беа Француската Алијанса од Битола, Француската амбасада, Националната установа Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и правниот факултет Кичево, а се организираа ж по повод денот на човековите права.

Целта на работилниците беше запознавање со човековите права, но и да се подигне нивната свест за правото на живеење во здрава средина, право на чист воздух како и сочувување и почитување на природата, а се зборуваше и за правото на не-дискриминација.

Текст и фото: Фарма Б. Аземовска

More from КултураMore posts in Култура »