Општина Битола во недела 17 декември ќе го одбележи Денот на својот заштитник – Свети Нектариј Битолски.
Одбележувањето ќе започне со литургија во црквата “Св. Великомаченик Димитриј“ која ќе започне во 8.30 часот, а во 10.30 ќе започне Литијатата низ улиците на Битола. Литијата од црквата “Св. Великомаченик Димитриј“ ќе продолжи покрај зградата на старата Општина, се до Библиотеката. Потоа ќе продолжи кон хотелот “Епинал“, а оттаму по Широк Сокак до плоштадот “Магнолија“, а ќе заврши во дворот на “Црквата“.
Во 18.00 часот ќе биде отворена манифестацијата „Битолските еснафи“ во организација на Регионалната занаетчиската комора.
Во 19.00 часот во Народниот театар предвидена е културно – уметничка програма.