Прва самостојна ликовна изложба на цртежи на ученичката од трета година при Гимназијата „Јосип Броз Тито”, Ангела Каранфилова е отворена деновиве во училишната библиотека на Горната гимназија.
Оваа талентирана млада сликарка веќе десет години активно членува во ликовното студио „Мал Битолски Монмартр“ под менторство на уметникот Коста Хаџи Антоновски.
-До сега сум настапувала со свои дела во повеќе држави во светот благодарение на Ликовната колонија, меѓутоа, ова е мое прво претставување пред публиката со самостоен проект изјави Ангела Каранфилова и додаде – до сега сум изложила мои дела во Јапонија, Индија, Португалија, Чешка, Бугарија и други земји.
Плановите на Каранфилова е да продолжи со творење ликовни дела, а своето образование да го унапреди на Ликовната академија во Скопје.