Press "Enter" to skip to content

Заради проширување на “Кромберг и Шуберт“ во ИЗ “Жабени“ се гради нов коловоз и нов паркинг

Интензивни инфраструктурни активности, асфалтирање и поставување на атмосферска канализација, во моментот се во полн ек во Индустриската зона „Жабени“.

Поради проширување на капацитетите на Фабриката „Кромберг и Шуберт“, Општина Битола во моментот врши изградба на коловоз во два слоја на улица во должина од 666 метри и паркинг простор со површина од 4.000 м2. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 11.123,859,52 денари. Покрај асфалтирањето, покрај фабриката на германскиот инвеститор се врши изградба и на атмосферска канализација со вкупна вредност на инвестицијата од 2.400.455  денари.

На овој начин, Општина Битола ги обезбедува потребните инфраструктурни услови за нормално функционирање на новиот објект на Фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Индустриската зона Жабени, а истовремено отвора и можности за привлекување на нови инвеститори.

Општина Битола не ги заборави и жителите на кои имаа долгогодишни инфраструктурни проблеми од улицата “Љубојно“, во населбата Баир, кои сега се надминати. Завршена е реконструкцијата на улицата “Љубојно“ во должина од 205 метри. На првиот дел во должина од 141 метар извршено е асфалтирање, а на 64 метри  поставени се бехатон плочки. Вкупната вредност на инвестицијата од Општина Битола, за овој проект изнесува 1.789.759 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »