Press "Enter" to skip to content

Претседателката Сиљановска-Давкова на средба со Советот за женско претприемништво

Советот за женско претприемништво на Општина Битола денеска беше домаќин на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, придружувана од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заменик градоначалничката Марина Крстиќ и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.

Целта на настанот, како што истакнаа на средбата е создавање заедница во која жените ќе се охрабруваат меѓусебно, ќе ги препознаваат можностите на новото време и ќе ја развиваат сопствената сила преку знаење, личен развој, соработка и меѓусебна поддршка. Веруваме дека секоја промена започнува со една охрабрена личност, а секоја силна заедница започнува со луѓе кои се подготвени да вложат во себе и во другите.

Посетителите имаа можност да ја проследат и изложбата на внимателно избрани жени кои преку својот труд, креативност и посветеност создаваат вредности во нашата заедница. На настанот се испрати порака дека вреди да се учи, да се расте, да се остане достоинствен и дека вистинското лидерство започнува со грижа за човекот.

More from ВестиMore posts in Вести »