Press "Enter" to skip to content

Свечено доделени дипломите на Факултетот за биотенички науки (фотогалерија)

Во анфитеатарот на Факултетот за биотенички науки во Битола, кој работи во рамките на Универзитетот „Св.Климент Охридски“, беше одржана промоција на дипломираните студенти и свечено беа доделени дипломите на студенти кои завршиле прв циклус универзитетски студии.

На свечениот чин беа промовирани  34 дипломирани студенти, кои завршиле прв циклус универзитетски студии, на насоките “квалитет и безбедност“, “преработка на анимални производи“, “менаџмент во биотехниката и фармерско производство“ во периодот од 07.11.2016 година до 01.09.2017 година, на Факултетот за биотехнички науки-Битола.

На дипломираните студенти и на гостите им се обрати деканот проф. д-р Љупче Кочоски кој на сите запишани студенти им го честита дипломирањето и им посака успешно продолжување на дипломски студии или побрзо вработување.

На свеченоста беа истакнати најдобро дипломираните студенти:

-Ивана Оливер Димитровска, која дипломира со среден успех 9,63 на Студиската програма квалитет и безбедност на храна;

-Христина Васил Шапрдановска, која дипломира со среден успех 9,48 на Студиската програма кбалитет и безбедност на храна;

-Марија Владимир Трифуновска, која дипломира со среден успех 8,71 на Студиската програма преработка на анимални производи и

-Моника Цане Карабелеска која дипломира со среден успех 8,71 на Студиската програма преработка на анимални производи.

Деканската управа на најдобрите дипломирани студенти им додели соодветна парична награда во висина од по 3.000,оо денари за секој поединечно.

Исто така беа промовирани и 6  дипломирани студенти  кои завршиле втор циклус  универзитетски студии и се стекнале со научен назив-магистер од соодветната област.