КК Пелистер од Битола по заминувањето на скоро цел тим започна со конструирање на тимот за сезоната 2026/27.
Првиот кошаркар кој и официјално пред јавноста го соопшти суперлигашпт од Битола е Благој Димитриев. Ова е своевидно враќање на Димитриев во битолскиот клуб, каде што настапуваше пред неколку сезони.
Овој 26-годишен кошаркар доаѓа во Битола од Кавадарци, каде минатата сезона ги бранеше боите на Тиквеш. Претходно беше дел од екипите на Ангели и Струмица.










