Битолчани кои Новата 2018 година ја дочекаа на плоштадот “Магнолија“ имаа прилика да го гледаат и да уживаат во огнометот со кој ја започнавме новата 2018 година.
Битолчлани уживаа во 300 пукања, за што беа потребни околу 4 килограми барутно полнење, а огнометот траеше точно 3 минути и 40 секунди.

А, за огнометот се погрижи битолска компанија, овластена фирма за набавка, промет и изведба на огномети која е постои веќе 12 години, а сите оние кои ги користеле нивните услуги ја знаат како Пиротехника “Буб бум“.
Треба да се каже дека огнометот беше најубав годинава од цела Македонија, а од Пиротехника “Бум Бум“ истакнуваат, дека за својата Битола го направиле најдобриот огномет, а додаваат дека се било поефективно бидејќи заради љубов кон градот, а поради тоа што не сакале да се посрамотат пред своите сограѓани.
Пиротехника “Бум Бум“ досега има изведба на 312 огномети, вклучувајќи и свадби, родендени, сунети, крштевки, веридби, митинзи, нови години, коледе, дочек на стара нова година – Василица и други приватни забави и веселби.






