Press "Enter" to skip to content

Црна хроника: сообраќајка кај Кажани со повредено лице и разбојништво во аптека

Во полицискиот билтен на битолската полиција изминатото деноноќие се регострирани два настани.

На 4 јануари 2018 година во 07,25 часот во Битола на патот “А3“, односно на исклучувањето кон с. Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „фиат дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(31) од Битола и возило „ауди А4“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.М.(27) од Струга. Во незгодата, Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Битола. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Битола.

Вториот настан се случил вчера на истиот датум во 18,25 часот во Битола на ул. „Мечкин Камен“, во аптека „Еурофарм“, непознат сторител со закана со пиштол, извршил разбојништво над вработената, при што одзел околу 10.000 денари, пари од дневниот промет.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, стои во соопштението на полицијата.

More from ВестиMore posts in Вести »