Press "Enter" to skip to content

На улица “Беласица“ во детска игра, со “новогодишна прскалица“ опожарено “рено клио“

Синоќа нешто по 18 часот на улицата “Беласица“ во детска игра, откако децата низ малку отворениот прозорец на паркирано патничко возило „рено клио“ со битолски регистарки ознаки, сопственост на Ѓ.К. (70), внатре фрлиле, “новогодишна прскалица“ по што се опожарил влатрешниот дел на возилото.

-По избувнувањето на пожарот веднаш го забележавме огнот, го скршивме прозорецот и зедовме против пожарен апарат со кој почнавме да го гаснеме огнот. За среќа пожарот не го зафати целото возило, ни рече Борче Костов (52) еден од двајцата соседи на сопстевникот на возилото, кои помогнале во првиот момент.

Костов го зел противпожарен апарат, кој го земал од своето возило, го скршил прозорот на возачката врата и го изгаснал огнот пред доаѓањето на возилото на Бригадата за противпожарна заштита.

Во пожарот делумно се изгорени возачкото седиште, внатрешниот ентериер и дел од воланот на возилото.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »