Денес по повод големиот верски празник Божик е неработен ден, но по вчерашниот ден, кога се славеше Христовото раѓање, кога се беше затворено и градот посебно во попладневните часови беше без вообичаеното движење, денес имаме нова слика.
Денес при обиколката на Битола во утринските часови ги забележавме вработените на ЈП “Комуналец“ како го собираат сметот, а беше собран од кај “Јавор“, кај “Обител“… И редовното собирање на сметот денес беше по планот, а екипи беа на сите места од кои се собира сметот во понеделник.
И пазарот во вчерашното мирување утрово полека се будеше. Дел од тезгите со овошје и зеленчук беа полни, а имаше и по некој битолчанец и кај тезгите каде може да се купи се и сешто. Но, мируваа дуќните во Старата битолска чаршија, кои беа затврорени.
По вчерашното неработење, денес отворени се сите угостителски објекти, а секако и маалките дуќанчиња, а и големите трговски објекти, а и на бензинските пумпи ја има редовната посетеност.






