Вчера на 12 јануари во 06 часот и 45 минути во Битола на улицата „Прилепска“ се случила страшна сообраќајна незгода во која има тешко повреден.
Полицијата денеска информира дека 63-годишниот М.В. од Битола, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.П. (65) од Битола.
Во Клиничката болница-Битола на З.П. му е констатирана тешка телесна повреда и тоа внатрешно крварење на мозок, по што е итно препратен во Клинички центар -Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Битола.






