Press "Enter" to skip to content

Регионалното здружение за Македонско-руско пријателство ја продолжи традицијата, славеше Православна Нова година

Регионалното здружение за Македонско-руско пријателство „А. А. Ростковски“ со седиште во Битола, денес во ресторанот “Грне“ во Битола, ја одржа традиционална средба на сите членови и пријатели  од градските здруженија, од Битола, Ресен и Прилеп.

Средбата е организирана по повод Православна Нова година, а членовите ја искористија средбата да ја продолжат традицијата која ја имаат започнато пред неколку години.Претседателот на Регионалното здружение за Македонско-руско пријателство, Пеце Гаштаров, за оваа средба рече:

-Традиционално нашето здружение го празнува на овој православен христијански празник Василица, а го прославуваме и со вртење на мазник со паричка. Овој голем христијански празник е и  повод да се собереме сите на едно место со нашите членови и пријатели, да се потсетиме како ја поминавме минатата години, но и да кажеме по некоја идеја за оваа година која ја започнавме. Има неколку идеи кои се надевам дека сите заедно од сите градски здруженија ќе ги оствариме. Инаку, паричката оваа година се падна кај долгогодишниот член на здружението, проф. д-р Божидар Маслинков, поранешен ректор на УКЛО.Инаку, ова здружение е најстаро во Битола и е формирано веднаш по признавањето на Македонија под уставно име, од страна на Руската Федерација и работи на промовирање на културата и традицијата на двата народи, и организира посети на Русија.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »