За утре со почеток во 11 часот е закажана прозивката на фудбалерите на Пелистер, на стадионот “Под Тумбеkафе“.
За нов тренер е назначен Мане Секуловски, кој треба на фудбалерите на Пелистер да им се претстави и да им го каже планот за подготовки.
Се уште е неизвесно кој се од фудбалерите и колку од нив ќе се појават на првиот тренинг, односно со кои играчи Секуловски ќе се обиде да обезбеди опстаникот во Првата фудбалска лига.
Сите фудбалери кои во Пелистер беа од “страна“ се заминати од клубот и веќе имаат нови клубови со кои ги имаат започнато и подготовките.
Во Битола се само фудбалерите кои се од Битола, а се очекува во подготовките да се приклучат и фудбалери од второлигашот Новаци.
Кој се ќе биде на првата прозивка останува да видиме утре, а ќе се знае и тимот кој ќе работи со Секуловски.