Press "Enter" to skip to content

Општина Битола ги исполни условите за изградба на пречистителна станица

Градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари работен состанок со претставници од Министерството за животна средина и координаторот на ИПА проектот за изградба на пречистителна станица и колекторски ситем во Битола, Јадранка Ивановска.

На состанокот, беше дефинирана понатамошната реализација на проектот, кој претставува проект од големо значење за животната средина.Вкупната финансиска конструкција на проектот изнесува 28,7 милиони евра, од кои 85% од средствата се обезбедени од ИПА фондовите, а околу 7,5 милиони евра се од Владата на Република Македонија.

На средбата, беше констатирано дека Општина Битола, во последните неколку месеци, забрзано ги исполни своите обврски, со што проектот „Изградба на пречистителна станица и колекторски систем“, ќе започне со реализација.

More from ВестиMore posts in Вести »