Press "Enter" to skip to content

Ден за уживање на ски-патеката кај Ниже Поле (фотогалерија)

Денешниот последен ден од продолжениот викенд битолчани го искористија на чист воздух на ски-патеката “Ниже Поле“ кое се наоѓа поранешниот туристички центар на ЈП “Стрежево“. Ски-патеката, ски лифтот и угостителскиот објект ги стопанисува јавното претријатие “Стрежево“.

Посетителите се израдуваа на снегот кој можеби не беше голем, но тоа не им сметаше на сите таму да уживаат во лизгањето, спуштањето со санки и скијањето.

Но најсреќни сигурно беа децата кои завиткани со шалови и капи се радуваа на снегот кој многу го сакаат, спуштајќи се на патеката со своите санки.. Неколкуте скијачи пак гордо со своите опреми се качуваа по ски-стазата и се спуштаа по патеката и по неколку пати видно возбудени и задоволни за прекрасниот ден во кој имаше и малку сонце.Но, може да се каже дека сите најповеќе уживаа на чистиот воздух, кој како да им ги полнеше батериите за наредната работна недела кога ќе почнат со работа, а учениците ќе се вратат во училишните клупи, после зимскиот распуст.

Некои уживаа во топлиот чај и кафе надвор на клупите, а некои во топлиот амбиент на угостителскиот објект, а забележавме и група битолчани кои во делот прилагоден за подготвување скара, откако ја подтотвија си уживаа во јадењето на чист воздух.

Секој се забавуваже и уживаше на свој начин опуштено и релаксирано, а дел од атмосферата ви ја доловуваме низ фотографиите направени таму.

More from БитолаMore posts in Битола »