-Во текот април во 2016 година во Битола, мирни масовни собири организираше Граѓанското движење за одбрана на Македонија, ГДОМ, протести кои се одвиваа од Офицерски дом, по Широк Сокак до плоштадот “Магнолија“, пред споменикот на Филип Втори, а неколку пати и пред просториите на СДСМ, на кои се бараше одржување на предвремени парламентарни избори, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Од сите протести, кои се одржуваа секој ден, речиси дваесетина денови, се упати пораката дека единствено со одржувањето на распишаните предвремени парламентарни избори на 5 јуни, ќе се стави крај на политичката криза во државата, и дека граѓаните единствено преку изборите на 5 јуни ќе му дадат полн легитимитет на политичката партија што ќе победи на изборите, при што ќе се нормализираат состојбите во сите области од општественото живеење.
-Избори на 5 јуни, да се стави крај на кризата и да престанат вандализирањата на државните институции и спомен обележјата во Република Македонија кои се симбол на државноста, побараа говорниците и учесниците на мирните народни собири во Битола, организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија ГДОМ, каде поддршка изразија неколку илјади битолчани.
Активистот на ГДОМ во повеќето настапи нагласуваа дека за надминување на политичката криза во државата, единствено решение се демократски избори.
-Наближува 5 јуни, денот кога Македонците ќе се сплотат како што тоа секогаш го прават кога е во прашање нивното највисоко граѓанско право, правото на избор. Политичката криза единствено ќе се реши со избори, и ние граѓаните го сакаме тоа – порачаа тогаш, на протестите битолчани.
-Со овие граѓански мирни собири сакаме да им дадеме поддршка на сите Македонци кои сакаат да си ја задржат Македонија, што сакаат да го задржат идентитетот. Секогаш сме биле за тоа, а не за украински сценарија. Нема да си дозволиме да се тепаме Македонци со Македонци- децидни беа граѓаните, поддржувачи на Граѓанското движење за одбрана на Македонија ГДОМ.
Протестите кои се одржуваа во Битола и сите градови завршија со голем протест во Скопје, каде според некои аналитичари се собраа околу 100.ооо граѓани од Македонија.

Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “југо“ во Драгор
- Деновиве пред 10 години: основано здружение за одржлив развој на Мариово, досега изработени 400 проекти (фото)
- Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)

- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Премиерот Мицкоски во Битола, ќе посети компанија и училишен објект
- Во Битола сончево, попладне со услови за нестабилност, температурата до 29 степени
- “Етеричен хербариум“ – изложба на Лидија Стефановска во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)
- Вечерва во Центар за култура Битола премиера на претставата “Свињи“
- “Бисер“ место за дружење на дечиња од предшколска возраст во црквата “Св. Петка“ во Рокдаел, Сиднеј (фото)









