Press "Enter" to skip to content

Младите битолски џемери дел од светскиот настан, GGJM2018, во 109 земји на повеќе од 800 места (фотогалерија)

Попладнево, точно во 17 часот,  започна светскиот настан, “Глобал гејм џем“ – GGJM2018, во кој се вклучени и педесетина млади битолски компјутерџии –изработувачи на комјутерски игри, или популарно меѓу младите наречени џемери, кои во наредните 48 часа ќе бидат во хотел “Театар“ во Битола.

Овој собир на младите “битолски умови“, започна во 17 часот кога беше прикажан краткиот филм изработен специјално за овој голем светски компјутерски настан, по што беше дадена темата – трансмисија, на која ќе работат во наредните 48 часа, се до недела, кога ќе бидат прогласени најдобрите.

По кажувањето на темата – трансмисија, од организаторите џемерите и џемерките добија половина час пауза, за да ги направат тимовите и да се договорат во кој правец ќе работат.Инаку, настанот ќе трае 48 часа и е дел од масовниот светски настан кој истовремено се одржува во 109 земју во светот, на повеќе од 800 места. Во Македонија се оджрува во Битола и во Скопје, а оваа година овој настан слави јубилеј 10 години од првото одржување.

Според првите сумирани бројки моментно на овој светски настан се вклучени, вмрежени повеќе од 40.000 џемери од цел свет за изградба на нешто ново и возбудливо.

Вклучени се релативно неискусни џемери, индустриски ветерани, луѓе кои штотуку се сретнале за прв пат или соработувале порано, но сепак, организаторите ги охрабруваат сите да го прифатат светското мото мото: експериментирање, иновации и соработка, и порачаа сите да ги инспирира воведниот дел и темата и да работат заедно,бидејќи  тоа е совршена шанса да се искуси развојот на играта на кратко, а сепак комплетен начин, додека има многу забава.

Организаторот порача дека наредните 48 часа сите битолчани можат да ги посетат џемерите во хотел “Театар“ и да видат како работаат, да се дружат со своите пријатели и да бидат дел од светскиот настан.

More from ВестиMore posts in Вести »