Недела. Прекрасен сончев ден за опуштање на Пелистер. Многу битолчани сакајќи да го искористат денот настрана од секојдневните грижи и политички состојби се упатија на падините на Пелистер. Тргнавме и се приклучивме кон колконата возила кои се упатија нагоре после бензинската пумпа. Не можевме, а да не направиме мала репортажа со која сакавме да ја доловиме атмосферата која не обзеде и нас. Дел од возилата отидоа за Ниже Поле, а дел од колоната возила замина за Пелистер.Се движиме низ селата Трново, Магарево, а времето и воздухот како да не смируваат, и гужвата од возила која се гледа уште на местото кај Инфоцентарот, не не загрижува. Многумина се паркираат тука и продолжуваат да пешачат до хотел “Молика“ сакајќи да се раздвижат. Така да по патот гледаме многу луѓе и деца кои си одат по патот бавно разговарајќи и секако сликајќи со телефоните низ дрвата и снегот кој не е голем, но го има.
Кога стигнуваме до жичарата изненадени сме, а и воодушевени од глеткета пред нас. Ски-патека со убав снег свети на зимското сонце, а на неа се спуштаат скијачи кои професионално се движат на стрмната стаза. За малку не обзема атмосфера како да сме во познатите ски центри на Алпите (Сент Мориц или Гармиш Партенкирхен). На жичарницата има ред за чекање, но без нервоза сите си го чекаат редот за повторно се спуштат по ски стазата. Атмосферата е фантастична.Продолжуваме на кафе во “Молика“. Во фоајето на хотелот многу луѓе се одмаараат, а некои заминуваат понатаму и тоа некои до Ластојчин камен и на клупите каде јадат на воздух. А, некои се упатуваат до Копанки по стрната страна по снегот за да пешачат, а не да се возат со жичарата.
Кога се искачивме на Копанки глетка која е незаборавна: небото сино, сонцето топло и многу луѓе кои се одмараат на зимското сонце кое како да им ги гали душата и умот. Воздухот пречист и можеби заради сето тоа сите како да се возбудени и весели. Многу деца со родители и со санки, скијачи кои се одмараат со топол чај после напорните спуштања по ски стазата.
Но планината е планина и сонцето после 3 часот го снемува и ведннаш се чувствува заладување. Повеќето се спуштаат, само остануваат најупорните скијачи кои се скијаат со покасно. Се спуштаме и се затоплуваме со чај во хотел “Молика“. Во 5 часот како се да се смирува и како да се спушта мрак. Заминуваат оние кои опуштени си заминуваат за Битола.
Ж.Ристевска