Press "Enter" to skip to content

Билтен на СВР Битола: сообраќајка со тешки повреди и ограбена апрека

Викендот кој измина во билтенот на СВР Битола се регистрирани два настани, сообраќајка на “Партизанска“ и грабеж на аптека.

Имено, на 27.01.2018 година во 19,50 часот во Битола, на ул.„Партизанска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Мазда 626“ управувано од Н.И. (32) од Битола и возило „Алфа Ромео 156“ управувано од П.М.(39) од Битола. Во незгодата П.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во болница каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.

На истиот ден околу 19,30 часот во Битола, во аптека на ул.„4-ти Ноември“, засега непознат сторител извршил разбојништво над вработената, при што одзел околу 6.000 денари. Се преземаат мерки за  пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »