Настанот кој се случи во саботата на 27.01.2018 година на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ го преполни амфитеатарот, така да се бараше место повеќе. Имено Универзитетот во соработка со Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија организира интерактивна работилница на тема „ГОВОР НА ТЕЛО“.
Предавач на работилницата беше Професор д-р. Зендел Абедин Шеки – основач и претседател на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија во Скопје и професор по меѓународни односи и комуникациски науки.
Работилницата беше организирана за студентите од Славјанскиот Универзитет, но беше од отворен карактер и за сите други заинтересирани за темата и тоа професори, наставници, психолози … и заради сето тоа и интересот беше многу голем.
Професорот д-р Зендел Абедин Шеки на интересен и инспиративен начин учесниците на работилницата ги запозна со поимите на Емпатија (разбирање и соживување со чувствата на другите), агресија, хејтерство и говорот на телото како наука.
При тоа работилницата беше интерактивна и низ практилни вежби сите учесници учеа практични вежби за говор на тело, како да се ракуваат и како се ракуваат луѓето во други култури, став при седење и комуникација, како да се води дискусија, како да се препознаат знаците кога луѓето лажат.
Многу значаен дел за студентите беше запознавањето како да бидат спремни за интервју за работа, како многу потребен дел кога ќе ги завршат студиите и се пријавуваат за работа.
Во текот на работилницата учесниците беа активни и заинтересирано се вклучуваа во вежбите и во поставувањето на прашања, а на крајот од работилницата сите добија сертификати за учество.
Професорот д-р Зендел Абедин Шеки им кажа дека е искрено благодарен и задоволен од заинтересираноста и големото присуство на учесници и на сите им вети и други вакви настани со предавања и работилници.
Жанета Ристевска






