Општина Битола и јавното претријатие “Комуналец“ денес започнаа со реализација на проектот „За зелена Битола“, а се засадуваа зимзелени и листопадни дрвја во малите маалски паркчиња кои се наоѓаат во близина на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Нова Битола.
-Особено се радувам затоа што доаѓаме во дел на градот, каде што очигледно е видливо дека имало недостиг на дрвја и на садници. Започнуваме со динамика која во следниот период ќе се реализира на неделна основа. Мапирани се позициите, но она што особено ме радува е што деновиве доаѓаат наплив на барања од граѓаните на воочени локации од нивна страна, што покажува дека оваа е акција што ја спроведува Општина Битола, заедно со граѓаните, а во интерес на сите нас да имаме позелена и почиста Битола, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, нагласувајќи дека секоја садница повеќе е благодет и придонесува за прочистување на воздухот, поубава и почиста Битола.Директорот на јавното претпријатие “Комуналец“ од Битола, најави комплетно зазеленување на овој дел на градот, а за проектот “За зелена Битола“ рече: