Press "Enter" to skip to content

Обука на млади за финансиско знаење на ФИКТ во Битола

Македонската развојна фондација во соработка со Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење- Скопје и Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ)- Битола, во рамките на проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“, деновиве во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ)- Битола, се одржа дводневна обука за тема: „Финансиско знаење“.

Целокупната организација на дводневната обука беше покриена од страна на проф. д-р Моника Марковска и доц. д-р Божидар Миленковски.Во обуката активно учество зедоа студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), Правниот факултет, Екомонски факултет, Школата за лидерство и јавни политики “Политеа“, како и млади и невработени лица.

Бети Делова, како обучувач во двата дена преку интерактивни вежби и дискусија заедно со учесниците ги обработуваа тематските целини: финансиски и кредитни институции, кредитирање, штедење, депозити, камати, хартии од вредност, кредитини картички, трошоци, цена на чинење, бизнис план, финансиски извештаи итн.

На обуката се претставија и штедилница Можности, фондација Хоризонти и штедилница ФУЛМ. По завршувањето на обуката секој од учесниците се стекна со сертификат за завршена обука за финансиско знаење.

More from ВестиMore posts in Вести »