Press "Enter" to skip to content

Битолчанката Ана Ивановска со државен и личен рекорд со воздушна пушка на Европско

Битолчанката Ана Ивановска, членка на стрелачкиот клуб РЕК Битола учествуваше на Европското првенство во стрелање со воздушна пушка, кое се одржа од 22 до 23 февруари во Гор, Унгарија.

Ивановска на ова европско првенство постигна нов државен и личен рекорд со “испукани“ 618,4 кругови, а овој резултат беше доволен само за пласман на 57 место на Европското првенство.-Иако пласманот на Еврпопското првенство е скромен, сепак резултатот кој го постигнав со личен и државен рекорд е голем успех за мене и за репрезентацијата на Македонија. По овој мој личен успех ќе продолжам со напорните тренинзи и се надевам дека на следното големо натпреварување или на државното првенство на Македонија ќе го подобрам овој рекорд, ни рече Ана Ивановска, по враќањето во Битола.

Ивановска на Европското е дел од македонската репрезентација е заедно со нејзиниот тренер Иванчо Ивановски, кои и е тренер и во матичниот стрелачки клуб РЕК Битола, а селектор на македонската стрелачка репрезентација е Јордан Тасевски.Покрај битолчанката Ивановска во репрезентацијата беа и Нина Балабан која се пласира на 77 место со резултат 613,3 кругови и Антониа Тасевска на 81 место со 600 кругови.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »