По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, “КС Групацијата“ организираше низа активности со кои им оддаде признание на жените кои се важен дел од компанијата.
Во сите градови каде што работи групацијата, на вработените од женскиот пол им беше подарено цвеќе како симболична благодарност за нивниот труд, професионалност и секојдневен придонес во развојот на компанијата.
Во чест на празникот, КС Групацијата организираше и заедничка прослава посветена на жените од компанијата, создавајќи пријатна атмосфера за дружење и одбележување на нивната значајна улога во тимот.
Во денешниот динамичен деловен свет, КС Групацијата – составена од седум компании: Агроброд, Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејмент – е значаен учесник во повеќе економски сектори.
Со своето разнолико деловно портфолио, групацијата е меѓу лидерите во областите на спортското обложување, забавата, угостителството, ИТ услугите, маркетингот и безбедносните решенија.
Со одбележувањето на 8 Март, КС Групацијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање работна средина во која се негуваат почитта, еднаквоста и вреднувањето на придонесот на секој член од тимот.

Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)










