Press "Enter" to skip to content

КЈП “Нискоградба“ фрли 40 тони сол и ризла за проодни и безбедни улици

По најновите снежни врнежи кои ја зафатија Битола кога наврнаа околу петнаесетина сантиметри снег вработените на јавното комунално претријатие “Нискоградба“, ноќеска и утрово на сообраќајниците во градот фрлиле околу 40 тони сол и ризла. Според директорот на „Нискоградба“, Методи Силјановски тие подготвени го дочекале снежниот бран, а потврда за тоа се исчистените главни сообраќајници во градот.

– Нашите екипи постојано се на терен. Исчистени се сите улици од прв приоритет, исчистени се сите приоди кон објектите со висок интерес како што се Клиничка болница, детски градинки, училишта… Во текот на ноќта и утрово ја вклучивме целата механизација, камиони посипувачи, 6 поголеми и помали багери, „боб-кет“ машини, а во руралните средини се чисти со неколку трактори, од камиончиња со приколка се фрла сол и ризла, а се интервенира и на друг начин ако помошта е неопходно потребна, посочи Силјановски.

„Нискоградба“ денес ќе ги чисти и другите улици и сообраќајници во градот и околината, но и апелираат возачите да соработуваат со комуналните екипи, да не ги паркираат или оставаат возилата на улица, а граѓаните чистејќи го снегот истиот да не го фрлаат на сообраќајниците.

Инаку, јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ е задолжено за реализација на програмата за чистење и одржување на улиците на подрачјето на општина Битола во зимски услови.

More from ВестиMore posts in Вести »