Press "Enter" to skip to content

Во Битола во последното тромесечие лани, родени 218 бебиња, а починале 299 лица

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2017 година во Битола изнесува 218 живородени деца. А, во истиот период според Државниот завод бројот на умрени лица изнесува 299, а починато е само едноновороденче.

Според овие бројки на Државниот завод за статистика во Битола природниот прираст во Битола е во негатива, односно починале 81 лице повеќе отколку што се родиле.За истиот период, месеците октомври, ноември и декември во 2017 година,  според Државниот завод за статистика во на териротијата на Битола се склучиле 82 брака, а бројот на браковите кои се развеле изнесува 18.

Според бројките  во дури 32 општини во Македонија во последното тримесечје од 2017 година имало повеќе умрени лица отколку живородени деца, а најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека во речиси сите поголеми македонски градови со ретки исклучоци има негативен прираст на населението. Единствени градови во кои има повеќе живородени отколку умрени лица во последните месеци од 2017 година се Скопје, Тетово, Струга и Гевгелија.

More from ВестиMore posts in Вести »